Пораката од граѓаните е примена и таа допира до нас, рече градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, во врска со резултатите од првиот круг на претседателските избори.
Шилегов нагласи дека граѓаните не треба да ја казнуваат државата ако се незадоволни од владејачката партија.
„Процесот на утврдување на индивидуална одговорност е почната кај СДСМ. Ако не се задоволни од владеењето на СДСМ, не треба да ја казниме државата и да не одиме назад. Чувствувам одговорност кон граѓаните и треба да се решаваат проблемите“, рече Шилегов.
Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев рече дека ја сфатиле пораката и им порача на гласачите да не го казнуваат консензуалниот кандидатот Стево Пендаровски и да гласаат за него во вториот круг.