Уште еден семинар за граѓански новинари ќе се одржи во петок на 31 август во Струга.
Право на учество имаат сите заинтересирани граѓанки и граѓани од општините Струга, Охрид, Ресен, Дебарца, Другово, Дебар и Центар Жупа.
Заинтересираните за претстојниот семинар на ЦИВИЛ имаат неповторлива и уникатна шанса да се стекнат со потребните вештини за мониторинг на претстојниот референдум, преку програма што е збогатена со нови и уникатни елементи.
Учесничките и учесниците на семинарот ќе се стекнат со право да се пријават и за акредитирани набљудувачи на процесот, а сите заедно ќе имаат можност да учествуваат во наградните циклуси за граѓанско новинарство во проектот „Граѓански објектив“.
Досега, во изминатите две ипол години откако започна имплементацијата на проектот „Граѓански објектив“, на семинарите учествуваа над 800 учеснички и учесници, доделени се 80 награди за најдобрите прилози на граѓанските новинари. Тоа се стотици стории и видео прилози што предизвикаа промени и имаа влијание на локално и национално ниво.
ЦИВИЛ веќе подолго време се занимава со мониторинг на состојбите на човековите права и слободи. Во тие рамки, организацијата ќе даде придонес кон граѓанската едукација за гласачкото право и ќе се погрижи, преку мониторинг и медиумски активности, да го одбрани правото на граѓанките и граѓаните да гласаат слободно и соодветно на нивните убедувања на референдумот.
ЦИВИЛ бара од институциите и политичките структури (партии, иницијативи, организации...) да дејствуваат согласно со законите и демократските стандарди и да ја напуштат практиката на злоупотреби, говор на омраза и дистрибуција на лажни вести, без оглед на тоа од која страна доаѓаат.
Сите заинтересирани за учество на семинарот во Струга можат да се пријават со испраќање на основни податоци на кандидатите (име и презиме, телефонски број и место на живеење/престој) на [email protected]. За повеќе информации кандидатите може да се јават на 02/5209176.