Сарач: Да живее граѓанинот, за да живее државата!

Ердоган Сарач од ДНЕТ ја поздрави можноста да ѝ се даде збор на турската заедница на четвртата јавна дискусија на тема „Плурализмот и политичката криза“ во организација на ЦИВИЛ – Центар за слобода. Според него, Македонија е во криза затоа што власта нема државнички капацитет. 

[youtube width="600" height="400"]https://www.youtube.com/watch?v=94mT83MxJXs[/youtube]

"Драго ми е што тука имаме можност да зборуваат и другите, а не само Македонците и Албанците. Заради немањето на државнички капацитет на луѓето од власта, сме дојдени во оваа ситуација". Понатаму, Сарач потсети на важноста на граѓанинот и неговите права во една држава велејќи: "Да живее граѓанинот, за да живее државата" - порача Сарач.

Како и повеќето од претставниците на политичките партии, ДНЕТ се согласува со фактот дека треба да се повлече аболицијата, да се одложи датумот за избори и да се спроведат реформите предвидени во Пржино.