Да не беа бомбите ќе бевме монархија. Луѓето ни заминуваа надвор, остануваа гласачите на партијата која беше експерт за фалсификување на изборите. Не случајно е направена таа зграда, да се качи монархот горе и да мафта на народот.“, рече пратеникот на ПЦЕР Самка Ибраимовски на денешната конференција.
„Ќе излезем на терен, ќе ја одиграме утакмицата, кој ќе победи, ќе оди понатака. Сакам да се соочам со мојот народ, да видам што мисли за мене. Не затоа што сум Ром, туку да видам и тие во Скопје и тие во Дебар што мислат за мене“, смета пратеникот Самка Ибраимовски, еден од потписниците на Иницијативата за една изборна единица.
Тој смета дека избирачиот список нема повеќе од 1.300.000 гласачи и инсистира дека во процесот на менување на Изборниот законик треба да учествуваат сите партии.
„Затоа инсистирам да биде една изборна единица. Верувам дека повеќе пратенички места ќе добиеме, но секако ќе ја знам својата политичка моќ, и како граѓаните очекуваат да делуваме“, истакна Ибраимовски.
This post is also available in: English