Полицијата во Скопје привела четворица членови на партијата Левица кои попладнево излегоа на плоштадот во Скопје каде се одржуваше презентација на воената опрема на САД и на АРМ.
Граѓански новинар кој сака да остане анонимен до редакцијата ни испрати видео од моментот на апсење.
Според граѓанскиот новинар, откако полицијата ги опомоменала неколкумината демонстранти кои носеле транспарент на кој пишува „Против војната за профити!“, да се тргнат подалеку од плоштадот Македонија со транспарентот и да протестираат, демонстраните се повлекле на вториот спрат од Гратскиот трговски центар. Таму повторно дошла полицијата и привела четворица од демонстрантите.