Истекува рокот за пријавување на претседателските кандидати

На полноќ истекува рокот за пријавуанње на кандидатите за претседателските избори. Како што најавија од СДСМ, денеска во 12 часот кандидатурата за Стево Пендаровски ќе ја поднесе генералниот секретар на СДСМ и шеф на изборниот штаб на партијата, Александар Кирацовски, во име на граѓаните.

Според информациите од ДИК, денеска ќе се одлучува и за кандидатурата на Блерим Река, поддржан од АЛијана за Албанците и БЕСА. ВМРО-ДПМНЕ  се очекува да ја поднесе кандидатурата на Гордана Сијалновска Давкова во 12:30 часот во ДИК.

Кампањата започнува на 1 април и ќе трае до 19 април по што следува изборниот молк. Првиот изборен круг е закажан за 21 април, а вториот круг за 5 мај. На 25 март ќе се одредува со ждрепка редниот број на кандидатите.