Петровска: Опозицијата да размисли каква политика водат

Пратеничката од редовите на СДСМ, Славјанка Петровска, на панел-дискусијата на ЦИВИЛ, се осврна на пописот дека сепак е статистичка операција.

Пописот е дефиниран и се нарекува статистичка операција,  кој за жал во Република Северна Македонија на некои субјекти не им изгледаше така. Во последно време бевме сведоци на големи кампањи. Дел од опозициските партии најмногу ВМРО-ДПМНЕ сакаа да го постават како политичка цел.

Точно е дека законот беше донесен по скратена постапка и со европско знаме. Амандманите кои беа поднесени од опозицијата беа дискутирани во кабинетот за европските прашања.

Мислам дека опозицијата треба да размисли каква политика водат. Ме радува средбата вчера, не заради одложувањето, туку затоа што лидерите седнаа и договорија дека треба да има конструктивност.

Кога имате прашања како попис, не може да дебатирате од политичка страна. Пописот не може да чека, чекавме 20 години. Јас како граѓанин жалам што се фрли сенка на Државниот завод за статистика, кои навистина работат и си ја сакаат својата работа. Во таа политичка битка опозицијата ја засени таа нивна работа. Но на крајот на денот, се седна и се дебатираше за таа тема.

Комисијата за заразни болести изготви протокол како попишувачите ќе го изведат пописот. За пописот да им веруваме на Државниот завод за статистика, а за пандемијата да им веруваме на Комисијата за  заразни болести.

Со цел да се одблокира состојбата во Собранието, која на никој не му оди во прилог, се договорија да се одложи пописот.

Податоците од дијаспората ќе продолжат да се ажурираат и ќе продолжи до 30 септември. Пописот ќе се одржи од 5 до 30 септември.

Пописот сепак ќе биде статистичка операција, во која сите ќе имаме придонес, изјави Петровска.

This post is also available in: AlbanianEnglish