Талибанците на Левица се закануваат дека ќе влечат на хауби граѓански активисти и партиски неистомисленици

„Во Авганистан се држеа за карго авион, кај нас ќе трчаат по автобуси. Ловењето на партиски и невладини ботови ќе прерасне во национален спорт. Ќе ги сликаме како трофеи, врзани на хауба“, вака гласи заканувачката порака на Твитер на извесен „Капетански дневник“.

Оваа заканувачка порака му се допаѓа на лидерот на Левица, Димитар Апасиев.

Ова не е прва негова заканувачка порака. Во април годинава, ЦИВИЛ објави уште еден извештај за овој познат креатор на објави со говор на омраза и повици на насилство, кога тој се закани со „долги деветки“.

Очигледно анонимниот партиски бот на Левица е обичен хушкач кој има задача да ги подбуцнува граѓан(к)ите. Еден негов пост гласи „Таа што ќе спалува бегалски кампови со тебе, таа чувај ја пријателе“.

ЦИВИЛ – Центар за слобода уште еднаш упатува повик до релевантните институции, како што се Основното јавно обвинителство и Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР да го лоцираат администраторот на овој профил кој повикува на поделби, омраза и екстремно насилство и соодветно да го санкционираат.

Мониторинг тим на ЦИВИЛ