Петровска: Младите внимаваат што ќе кажат, се плашат да не ги етикетираат

Медиумите многу малку обработуваат теми кои ги засегаат младите, освен кога се носи некој закон за млади, вели Ангела Петровска, новинарка на ЦИВИЛ Медиа, на панел дискусијата „Млади, перспективи…“, во организација на ЦИВИЛ.

Таа вели дека најголем проблем за младите се финансиите, бидејќи има голема стапка на невработеност и немаат голем избор за работа. Во однос на образованието, вели дека недостасува практична работа, пример студентите по новинарство учат непотребни предмети наместо да имаат повеќе практична работа.

„Младите не зборуваат за општествени и политички проблеми, се плашат да не ги етикетираат дека се од оваа или онаа партија, и кога зборуваат внимаваат што ќе кажат. Тоа треба да се промени, треба да се зборува за проблемите бидејќи само така ќе се решат“, потенцира Петровска.

Д. Муратов
камера: Атанас Петровски
монтажа: Трпе Стојкоски
фотографија: Горан Наумовски