Серијата онлајн настани, интервјуа и состаноци на ЦИВИЛ со заеднички наслов „Национализам“, продолжува со Филип Стојановски, од Фондацијата Метаморфозис и Петрит Сарачини, ЦИВИЛ. Модератока на оваа панел дискусија е Биљана Јордановска.
На почетокот на дискусијата следуваше видео со наслов „5 минути омраза“
Граѓански форум за учество во креирање на владините политики
Тема: НАЦИОНАЛИЗАМГости: Јане Ѓорѓиоски и Ариан Мехмети
Gepostet von Civil MK am Dienstag, 18. August 2020
Срачини вели дека „5 минути омраза“ е инспирирано од Орвел, како се потикнува омразата и делата, особено во предизборниот период.
Пред сè доминира национализмот и меѓуетничката омраза која се шири од одредени центри на моќ, кои се припадници на одредена политичка партија.
Ако гледате во изминатите неколку години со падот на режимот на Груевски се намали меѓуетничката омраза, но национализмот е се уште присутен. За време на изборите повторно се говори за меѓуетнички односи, односно гледаме дека тие се ставени под тепих.
Неказнивоста на говорот на омраза и недејствуванје на институциите, гледаме дека од вербален говор на омраза преминува во физичко насилство.
Видовме во 5 минутното видео како се потикнува насилство, тепање, бесење… Обвинителството треба да ги следи овие објави, а полицијата треба да реагира на вакви повици. Видовме дека полицијата во одредени случаи реагира, а во други случаи не реагира. Граѓаните треба да имаат чувство дека нема селективна правда туку сите се еднакви пред законот.
Мониторинг тимот на ЦИВИЛ го следи импулсот на случувањата на преговорите за формирање Влада. Видовме дека одредена публика имаше 5 минути омраза кон Албанците, но кога се забележуваше дека ДИУ можеби ќе коалицира со ДПМНЕ одеднаш Шиптарите стануваат Албанци, не се веќе терористи итн…
Политичките партии имаат силно влијание врз граѓаните и треба да бидат внимателни во начинот на кој комуницираат. Домашното воспитание да не пцуете мајки нема врска со политичко делување.
Филип Стојановски од Метаморфозис вели дека живееме во свет на радикално различни содржини во социјалните мрежи. Ова донесува и до некомуникација меѓу родителите и децата. Децата учат од јутјуб, а не од родителите.
„Наместо словенка азбука, во Бугарија се користи бугарска кирилица и тие се чудат зошто се нарекува словенска, бидејќи тие учеа дека тоа е бугарска азбука…“, вели Стојановски.
Со случајот Ковид 19 видовме дека луѓето лесно се манипулираат и веруваат во теории на заговор. Луѓето се навикнуваат да не размислуваат критички, и се потенцијални жртви на манипулации.
Има доста лукави политичари кои отворено и директно не кажуваат, туку со „кратенки“ се насочува вината кон одредена група. Срачини се надоврза потсетувајќи се на една случка од филмот „Ко то тамо пјева“ кога во една ситуација во автобусот снемува паричник на еден патник и еден од патниците веднаш ја насочи вината кон Ромите, со тоа што нагласи „Се знае кој краде“, без да се прегледаат сите патници кој всушност е крадецот…
Имаме негативни ефекти со Сервисот за проверката на факти. Пред некој ден имавме фотографија која се ширеше на социјалните мрежи, која е претставена дека „грчки војник убива македонска жена која држи дете во рака во Егејска Македонија“. Со тоа се прави перфидна манипулација со тоа што не им се укажува почит кон вистинските жртви, бидејќи фотографијата е од друга војна, војникот е во Украина… Коментарите кои се добиваат од патриотите, кога ќе им се укаже дека е лажна фотографија, наместо да кажат во ред повеќе нема да веруваме на овие кои објавуваат лаги, тие продолжуваат негативно да коментираат кон тие што им ја укажуваат вистината.
Дехран Муратов