ДИК, оставка кога?

ЦИВИЛ продолжува со акцијата #БарамОдговор. Овој пат Денис Јанкуловски со прашање до Државната изборна комисија, оставки кога?

„Овде позади мене се наоѓа Државната бонусна комисија. Тоа се оние неранимајковци, сложни браќа и сестри, многу сложни, кои без никаква дума си делеле разни боневи како на лотарија. Тие дури не чувствуваат никаква одговорност за тоа, а се прават фини и донираат туѓи пари, донираат наши, мои и твои пари. За нив имам 101 прашање. За почеток главното, кога оставка? Јас чекам, сите чекаат… Оставка веднаш!“

Одберете еден политичар/политичарка, јавна личност или институција на кои би им поставиле прашање. Прашањата пратете ги во видео формат (селфи видео) на Фејсбук страницата на ЦИВИЛФејсбук страницата на граѓанските новинар(к)и (приватна порака) или на [email protected].

This post is also available in: English