Патарините готови, автопатот ќе причека!

Од новиот автопат Скопје-Куманово, кој требаше да биде пуштен во употреба во јуни минатата година, готови се само новите наплатни пунктови.

Се поставува прашањето: дали приоритет се парите кои ќе се наплаќаат на новата патарина, или пак, конечното пуштање на автопатот, каде особено во летниот период, се создаваат километарски колони од возила?

Повеќе од една година на оваа релација се вози на една лента. Според Агенцијата за државни патишта, доцнењето е поради добивањето на дозволите за градба.

 

 

This post is also available in: AlbanianEnglish