ЦИВИЛ организира панел дискусијата насловена „Социјална правда и дискриминација: Премногу луѓе на маргините на општеството и политиката… До кога?“. Панел дискусијата ќе се одржи на 11 декември 2020, петок, во Хотел Парк Резиденс, во Скопје, со почеток во 12 часот, како дел од овогодинешното издание на Фестивалот на слободата, кое опфати серија панел дискусии и онлајн настани во периодот од 25 ноември до 11 декември 2020 година.
На панелот како говорници ќе учествуваат Мирјана Најчевска, унивезитетска професорка, Елис Шаќири од Ромалитико и иницијативата АВАЈА и Љуљета Адеми, активистка и советничка во кабинетот на претседателот Пендаровски задолжена за односи со лицата со посебни потреби. Панел дискусијата ќе ја модерира Дехран Муратов.
Дискусијата ќе се организира преку платформата Зум, дел ќе биде и со физичко присуство и ќе трае најмногу 1 час и 20 минути. Панел дискусијата ќе биде емитувана во живо на Фејсбук страницата, како и YouTube видео каналот на ЦИВИЛ кој ги поканува медиумите и сите заинтересирани да ја следат и слободно да преземаат содржини. Исто така содржините од панел дискусијата ќе се објавуваат и преку другите медиумски платформи на ЦИВИЛ.
За време на дискусијата, модераторот ќе ги следи реакциите и прашањата на социјалните мрежи, ќе ги пренесува до учесниците во дебатата и ќе ги очекува и вашите размислувања и ставови.
Фестивалот на слободата е мултимедијален настан во рамките на проектот „Граѓански објектив“, поддржан од National Endowment for Democracy (САД).
This post is also available in: Albanian