Стојческа, Арсовска и Стојкоски на панелот на ЦИВИЛ: Младите ги поседуваат европските вредости, не смеат да кренат раце од промените

„Имав можност да студирам во Словенија и имав прилика да научам многу повеќе за европските вредости. Кога на 18 години отидов во Словенија имав потешкотии да се прилагодам. Промените што се случуваа за време на Шарената револуција ги следев од таму. Во однос на дигитализацијата, имаме можност да растеме. Нема оправдување дека не може нешто да се смени и да кренеме раце. Не смееме да кажеме „пиши пропало“, мора да се бориме за поздрава средина и поубави можности“, изјави Билјана Арсовска на јавниот настан на ЦИВИЛ на тема „Младите и европските вредности“.

Таа додаде дека имала среќа да студира во Словенија кадешто научила критички да размислува, а не само да ги учи лекциите од книга.

„Во Словенија научив да учам и критички да размислувам. Тие не бараа од мене да ја научам скриптата, туку самата да се снајдам, да се самоедуцирам. И тука во нашата земја млади што се едуцираат се доста паметни и успешни и не треба да ни биде изговор дека „лошо ни е образованието“, бидејќи има и неформално образование.

Билјана Арсовска на настан на ЦИВИЛ: „Младите и европските вредности“.

Ние повеќе треба да се фокусираме на позитивните работи наместо само да кукаме дека нема излез. Младите имааат капацитет и свест да сменат некои работи, но најпрво почнувајќи од самите себеси“, додаде Арсовска.

Билјана Стојческа од Младински сојуз на Крушево, на јавниот настан на ЦИВИЛ истакна дека не зборуваме за ЕУ како институција, туку за евриопските вредности, и откако ќе се усвојат европските вредности дури тогаш може да зборуваме за ЕУ интеграции.

„Преку сите наши проекти промовираме европски вредности. Што ние правиме за младите? Убедена сум дека прво треба тука да почнеме да се сакаме, да им покажеме на ЕУ дека сме спремни да не примат во својата кујна. Младите се двигатели на промените.

Голем процент од младите сакаат да живеат надвор од нашата држава, а на прашањето дали некогаш живееле во некоја европска држава, тие одговориле – не.

Младите имаат перцепција дека таму во Европа е се идеално и дека таму саакт да живеат.

Не дека ние немаме потенцијал, но свесно ги туркаме во некоја европска земја наместо да ги задржиме тука. Треба де се поправиме ние и да ги убедиме да бидат продуктивни и да имаат толеранција, меѓусебно почитување“, потенцира Стојческа.

Билјана Стојческа од Младински сојуз на Крушево, на настан на ЦИВИЛ: „Младите и европските вредости“

Таа додаде дека професорите имаат обврска да им ги пренесуваат европските вредности на учениците, а и невладини организации треба да ги промовираат уште повеќе позитивните примери.

Нашето општество зависи од европската иднина. Ние силно веруваме во европската иднина, за нашето општество постои само таа европска иднина“, нагласи Стојческа.

Андреј Стојкоски од Национален младински совет на панелот истакна дека младите луѓе веруваат во европските вредности и знаат што се европски вредости, ги применуваат тие вредности.

„Би рекол дека има мала бројка млади не се запознаени со европските вредности. Младите не ни знаат дека вредостите што ги носат во себе се токму европските вредности.

Сметам дека треба да се посвети поголемо внимание на оваа тема, во имплементација на европските вредности, за младите целосно да ги применуваат, изјави Стојкоски.

Андреј Стојкоски од Национален младински совет, на настанот на ЦИВИЛ: „Младите и европските вредости“

Tој додаде дека НМСМ постојано работи на промоција на европските вредности.

„Покрај семејството, најголемо влијание кај младите има образовниот систем. Образованието не ги промовира доволно европските вредости. Има млади кои не си ги знаат ниту своите права. Единствено на часовите по социологија имавме некаква дебата за европските вредости, човековите права и слично.

Во текот на ковид кризата младите учетвуваа во волонтерски услуги да им помагаат на повозрасните“, додаде Стојкоски на јавниот настан на ЦИВИЛ на тема: „Младите и европските вредности“.

Панелот е дел од проектот „Европски перспективи“ кој ЦИВИЛ го спроведува со поддршка од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија од 1 април оваа година.

Дехран Муратов
фото: Игор Чадиноски