НИЕ СМЕ МЕДИУМИТЕ VOL.2

Граѓански објектив е проект за транспарентни и одговорни политички
процеси, преку поддршка и популаризација на граѓанското новинарство,
јакнење на јавната свест, граѓанско образование и активизам на
граѓанките и граѓаните за човекови права, слобода на изразување,
демократија и слободни избори.

СИМНЕТЕ ЈА ПУБЛИКАЦИЈАТА ТУКА

Ова е проект кој обезбедува обука и
можности за граѓаните да учествуваат, да набљудуваат и известуваат за
настани кои им се важни ним, нивните локални заедници и процесите на
локално и национално ниво. Овој проект прерасна во значајна алатка за
граѓаните да ги потсетуваат властите и функционерите за нивната обврска да
бидат транспарентни и одговорни.
Зад ЦИВИЛ се две успешни години на имплементација на проектот Граѓански
објектив. Извршена е обука на стотици активни граѓанки и граѓани од различни
профили и од сите заедници во земјата (преку 500 досега) за граѓанско
новинарство, човекови права, медиумска писменост, мониторинг, како и за
вештини за известување. Методологиите и пристапот, тестирани во проектот
„Граѓански објектив“, исто така, се инкорпорирани и во други проекти на
ЦИВИЛ.