„Граѓански објектив“ во Струмица

Граѓанската организација ЦИВИЛ – Центар за слобoда објавува повик за учество на третиот Регионален семинар за граѓанско новинарство кој ќе се одржи во Струмица. Како што е наведено во повикот, семинарот ќе се одржи на 18 и 19 февруари 2017 (сабота и недела) во хотелот „Есперанто“.

Право на учество на семинарот имаат сите полнолетни граѓанки и граѓани од општините Струмица, Валандово, Гевгелија, Дојран, Ново Село, Босилово, Василево, Конче и Демир Капија. Сите заинтересирани можат да се пријават  онлајн или на [email protected], со кратка биографија и мотивациско писмо.

Семинарот е дел од проектот „Граѓански објектив“ и е трет во новата серија семинари за обука на граѓански новинарки и новинари низ целата земја.

Основна цел на проектот „Граѓански објектив“ е да се придонесе кон транспарентни и одговорни политички процеси, да се зајакне јавната свест политиките и практиките поврзани со човековите права, гласачкото право и политичките процеси и да се алармира домашната и меѓународната јавност за измамничките практики во изборните процеси и воопшто.

ЦИВИЛ ја објави публикацијата „Ние сме медиумите!“ која е одличен ресурс за активните граѓанки и граѓани заинтересирани за граѓанското новинарство.

Проектот е поддржан од фондацијата National Endowment for Democracy.