Без цензура и шминка, награди за најуспешните новинарки и новинари

Говор на омраза, прекршување на изборниот молк, уцени, притисоци, недовербата кон политичарите, сиромаштија, иселеништво се само дел темите за кои известуваа граѓанските новинарки и новинари во изминатиот период, отсликувајќи го нивното секојдневие.

За овие храбри граѓанки и граѓани, ЦИВИЛ – Центар за слобода ќе додели уште пет награди за граѓанско новинарство во петок, 10 февруари, во хотел Парк Резиденс (зад градскиот стадион) со почеток во 12:30 часот.

На церемонијата ќе се презентираат прилозите на граѓанските новинарки и новинари кои будно ги следеа бранувањата во јавноста во општините од кои доаѓаат и кои со своите прилози придонесоа кон пробивање на медиумскиот мрак во земјата.

Проектот „Граѓански објектив“ е посветен на промовирање одговорни и транспарентни политички процеси во Република Македонија, преку обуки за граѓанско новинарство, медиумска продукција и јакнење на јавната свест. Веќе втора година, проектот го финансира National Endowment for Democracy.

Граѓанските новинарки и новинари можат да испраќаат прилози до ЦИВИЛ на онлајн формуларот на веб страницата Граѓански објектив http://clp.mk/