Семинар за храбри и одлучни граѓански новинари во Струмица

По одличните семинари во Скопје, Битола и Куманово на 17 март (сабота) ЦИВИЛ - Центар за слобода ќе одржи еднодневен регионален семинар за граѓански новинар(к)и хотел Есперанто, Струмица, од 11 до 17 часот. 

Сè што треба да направите е да се пријавите на следниов линк и со себе да понесете желба за освојување на нови простори каде граѓанските новинарки и новинари се носители на новинарството кое известува без страв и без услуги. Исто така може да се пријавите на следниов формулар.

ПРИЈАВИ ГОВОР НА ОМРАЗА

  • Кој пријавува?(НАПОМЕНА: Податоците на пријавувачите се строго поверливи.)

  • Ако одговорот е потврден, ве молиме, испратете го материјалот по е-пошта: monitoring.civil@gmail.com со назнака ПРИЈАВА – ГОВОР НА ОМРАЗА. Доколку материјалот е преобемен, испратете го материјалот преку www.wetransfer.com или некоја друга платформа за споделување обемни електронски материјали. Прашања, сугестии и други информации испратете на monitoring.civil@gmail.com, во порака на Фејсбук профилот на ЦИВИЛ (www.fcebook.com/civil.mk) или јавете се на 02/5209176 од 9 до 17 часот, секој работен ден.
 

Verification

Право на учество на семинарот имаат сите полнолетни граѓанки и граѓани од општините Струмица, Валандово, Василево, Босилово, Конче и Ново Село. Овој повик е дел од проектот Граѓански објектив и е трет во новата серија семинари за обука на граѓански новинарки и новинари низ целата земја. Пријавете се онлајн ТУКА или испратете основни податоци за вас на civil.macedonia@gmail.com. Заинтересираните се повикани, во комуникацијата со ЦИВИЛ, на најмногу 10 реда, накратко да ги опишат своите вештини и да изразат подготвеност за учество на семинарот и во понатамошните активности на ЦИВИЛ.

#ГраѓанскиОбјектив е проект во кој се комбинираат истражувањето, медиумските активности и активизмот, кои се основа за долгорочно изборно набљудување. Овој проект веќе трета година придонесува кон развој на граѓанското новинарство во земјата. Основна цел на проектот Граѓански објектив е да се придонесе кон транспарентни и одговорни политички процеси, да се зајакне јавната свест политиките и практиките поврзани со човековите права, гласачкото право и политичките процеси и да се алармира домашната и меѓународната јавност за измамничките практики во изборните процеси и воопшто.

Побрзајте и пријавете се!