Граѓаните набљудуваат, снимаат, објавуваат утре во Битола

Под мотото „Граѓаните набљудуваат, снимаат, објавуваат“, ЦИВИЛ - Центар за слобода организира јавен настан на отворено на тема „Граѓаните набљудуваат, снимаат, објавуваат“, во Битола, на плоштад „Магнолија“, пред Магазата, утре (четврток, 19-ти мај) со почеток во 19 часот. Тимот на ЦИВИЛ ќе ги проектира досега наградените трудови на граѓанските новинари во рамките на проектот "Граѓански објектив". Исто така, присутните ќе имаат можност да видат како граѓанските новинари изминатиот месец известуваа за протестите во Битола, но и во другите градови низ Македонија. Тимот на ЦИВИЛ ќе биде достапен да одговори на прашањата на заинтересираните граѓани за проектот и за условите за учество во месечните натпреварувачки циклуси во проектот. Со музика, проекции и разговори, ЦИВИЛ ќе се обиде да го промовира граѓанското новинарство и во овој град.

На настанот во Битола, жири комисијата на ЦИВИЛ, ќе им ги додели двете награди, прва и четврта награда , на граѓанските новинари од овој град, за фото-сториите кои ги испратија во ЦИВИЛ, а кои не беа во можност да присуствуваат на настанот за доделување на награди од третиот циклус на проектот “Граѓански објектив”.

13221230_964536696998133_6954085333757552035_o

Тетово, 12-ти мај 2016

Јавне настан на отворено на тема „Граѓаните набљудуваат, снимаат, објавуваат”, минатата недела се одржа во Тетово, а уште два јавни настани ќе се одржат во Скопје и во Струмица.

„Граѓански објектив“ е проект во кој се комбинираат истражувањето, медиумските активности и активизмот, кои се основа за долгорочно изборно набљудување. Овој проект ќе придонесе за развој на граѓанското новинарство во земјата. Општа цел на проектот е да се зајакне јавната свест за политичките процеси во контекст на претстојните избори и да се алармира домашната и меѓународната јавност за измамничките практики во изборните процеси. Намената на проектот е да се идентификуваат и обелоденат случаите на кршење на гласачкото право низ интерактивна и динамична активност, која ќе ги вклучи активистите за човекови права, медиумите и општата публика, со создавање и прибирање фотографски, видео, аудио и пишан материјал, кој ќе послужи како основа за понатамошно набљудување, анализа и известување за изборниот процес.

Проектот е поддржан од фондацијата National Endowment for Democracy.

Марија Теговска