Поцков: За да се креираат развојни политики, потребни се бројки

Пописот е статистичка операција. Прашањето е како треба да функционира едно општество. Една држава за да може да креира политики мора да има попис, а ние сме со ист попис од 2002 година. Не знаеме колку сме а треба да креираме политики, зонско паркирање, образование. Се се сведува на бројки, изјави градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков, на панелот на ЦИВИЛ „Попис: Статистика, не политика“.

– Треба да се направи стратешки документ каде потоа на база на тој ќе се донесуваат одлуки. Кога се попишува не се попишува само луѓе, се попишува и имотот. Како да знаеме какво зонско паркирање да направиме ако не знаеме колку автомобили имаме. Просто е прашањето како јас гледам на пописот. Целта на пописот е статистичка операција која треба да ни даде одговор н на се. Во сите општини фали реална проценка на имот, односно данок на имот. По мене ова беше шанса да со пописот да има посебен образец за имотот и од правни и физички лица, но требаше порано да се изберат попишувачите. Во цел свет, финансирањето на општините најмногу оди од данокот на имот.

Во образованието, дуалната настава бара повеќе пракса. Ние мора да поттикнуваме процеси, а не да чекаме да се случат. Се тоа мора да произлезе од бројки. Без попис нема да го знаеме капацитетот на фабриките. Во Гевгелија 80-100 деца не можат да се запишат во градинка. Но од каде се тие деца, од Гевгелија или од менаџерски кадар што работи во Гевгелија. Бројките мора да се знаат за да можеме да планираме дали за 5 години ќе ни требаат повеќе градинки или не.

За да креираш политика ти треба бројка. Исто така, треба да се знае отприлика колку жители ке има во иднина во Гевгелија, за да знаеме како да планираме за понатаму, посочи Поцков.

This post is also available in: English