Во тек е проширување на тимовите на ЦИВИЛ, заинтересираните треба да аплицираат веднаш, рокот е до 11 октомври

Во пресрет на претстојните активности, настани и проекти, ЦИВИЛ има потреба од итно проширување на тимовите со нови луѓе од различни профили. Во оваа фаза, организацијата ќе работи на прибирање апликации за хонорарен и волонтерски ангажман на најмалку пет луѓе кои ќе добијат различни задолженија и позиции. Ангажманот во поголем дел од позициите ќе биде со флексибилно работно време.

КОМУНИКАЦИИ, ОНЛАЈН СОДРЖИНИ

Во тимот на ЦИВИЛ има место за соработнички и соработници, односно асистент-ки задолжени за:

  • Комуникации и односи со јавноста
  • Администрација на онлајн содржини (веб страници и социјални мрежи)

Ангажманот е со флексибилно работно време, врз хонорарна основа.

За работа во доменот на социјалните медиуми, ЦИВИЛ може да прими и максимум двајца/две волонтер(к)и, со опции да бидат ангажирани во идни проекти на ЦИВИЛ.

НОВИНАР-КИ

Редакција ЦИВИЛ Медиа има потреба од новинар(к)и. Предност имаат тие што, освен за пишување, веќе поседуваат барем основни вештини за видео снимање и монтажа.

МАРКЕТИНГ АГЕНТИ

Дел од медиумската продукција на ЦИВИЛ веќе одамна е атрактивен онлајн простор за комерцијална презентација и има потенцијал да генерира средства што се потребни за самоодржливост и развој на организацијата. Воедно, ЦИВИЛ забрзано подготвува големи јавни настани во кои се добредојдени спонзорства и донации од општествено одговорни компании.

Затоа, потребни се маркетинг агенти што ќе комуницираат со комерцијални спонзори. Тие немаат одредено работно време, а плаќањето ќе биде на процент.

АСИСТЕНТИ И ВОЛОНТЕРИ ВО ТИМОТ НА ФЕСТИВАЛОТ НА СЛОБОДАТА

Во пресрет на Фестивалот на слободата или #ЦивилФест, посветен на човековите права и слободи, кога ќе биде одбележано и 20-годишното постоење на организацијата, на тимот што ќе биде задолжен за организација на овој исклучително важен и голем настан, ќе му бидат потребни еден/една асистент-ка и четири волонтер(к)и што ќе имаат можност, покрај работата, и да учат од професионални продуценти и креативци.

РОК И УСЛОВИ ЗА КОНКУРИРАЊЕ

Првиот рок по кој ќе се прегледуваат апликациите истекува веќе на 11 октомври. Процесот на селекција ќе биде брз, така што повикот ќе биде обновен веќе на 12 октомври за местата што нема да бидат пополнети со првите апликации.

За да се конкурира, потребно е да се пополни ОНЛАЈН АПЛИКАЦИЈА на англиски јазик. Доколку имате прашања, пишете ни порака на [email protected] или јавете се на 02/5209 176.a