Камов: Џабе ни е стратегија за развој на туризмот ако немаме точни бројки и податоци

После 20 години во приватниот сектор, веќе 5 год работам во јавно комунално претпријатие. Значењето на пописот е многу значајно. Џабе ни е стратегија за развој на туризмот ако немаме точни бројки и точни податоци, изјави Ристо Камов, советник на општина Гевгелија од СПМ на панелот на ЦИВИЛ „Попис: Статистика,не политика“.

-Битно е да имаме релевантни податоци. Битно е да се заврши час поскоро оваа статистичка операција. Политиката кога се меша во реалните проблеми тогаш се случува проблем. Политичките проблеми треба да се тргнат од реалните животни проблеми. Бројките се потребни за образование, туризам, занаетчиството за статистичко планирање, за џабе ни се бројките ако после нема промена. Пописот и за Гевгелија и на цела држава е нужно потребен, порача Камов.