„Менталната состојба кај младите е променета. Кога работиш во домашни услови и кога имаш краен рок тогаш настанува стрес, паника, нервоза, и тешко е кога си сам. Тоа го имаме адресирано во нашата фирма и многу работиме на тимска работа и се поддржуваме едни со други, да почуствуваме дека не сме сами и изолирани“, истакна Ермин Климента, веб девелопер во ЕЛАМИ, на панел дискусијата „Млади, перспективи…“, во организација на ЦИВИЛ.
„Децата во основно и средно имаат многу стрес поради оценки или домашна задача и мислам дека беше полесно кога си во клас и стересот го споделуваш со останатите ученици. Сега учениците се сами и имаат поголем стрес, и треба да се работи на тоа, бидејќи младите се соочуваат со ментална криза. На тоа треба да се работи поденакво исто како со короната, бидејќи тоа ќе влијае на иднината на цела генерација“, нагласи Климента.
Д. Муратов
камера: Атанас Петровски
монтажа: Трпе Стојкоски
фотографија: Горан Наумовски