Изборниот ден на дланка: Сите видео извештаи од мониторингот на ЦИВИЛ на едно место

Денеска ЦИВИЛ имаше пет видео извештаи од изборниот мониторинг во живо и тоа во 10, 12:30, 15:30, 18 и 19 часот и 1 минута, каде што гостин беше и Зоран Иванов. Видео извештаите содржат информации од теренот кои ги испраќаа мониторинг тимовите и краткорочните набљудувачи на ЦИВИЛ.

Во аналитичкиот центар на ЦИВИЛ сè уште се внесуваат податоците од извештаите од набљудувачите. Тие ќе се обработуваат и во текот на ноќта, додека во ДИК се бројат гласовите, а повеќето политички партии истовремено слават победа.

Видео извештаите ги објавуваме во обратен редослед, од најновиот во 19:01 кон првиот во 10 часот, на 17 октомври.

Првични оценки: Зоран Иванов и Џабир Дерала во 1 минута по затворањето на избирачките места

Мониторинг 04 во 18 часот: Изборните набљудувачи неуморно испраќаат извештаи од сите краишта на земјата

Мониторинг 03 во 15 часот: Фингерпринт апаратите го обележаа денот, повреда на правото на глас

Мониторинг 02 во 12:30 часот: Попречување на набљудувачите на ЦИВИЛ

Мониторинг 01 во 10 часот: Проблеми со фингерпринт апаратите, грубо кршење на изборниот молк

Преземањето на овие содржини е дозволено и добредојдено, според лиценцата Creative Commons 4.0.

This post is also available in: English