Интерактивен и динамичен семинар во Штип за транспарентност и одговорност во политичките процеси

Со максимално почитување на мерките за заштита од коронавирусот, во одлична и динамична атмосфера се одржа дводневниот регионален семинар за транспарентност и одговорни политички процеси во Штип.

На семинарот предавачи беа Петрит Сарачини, кој се вклчи онлајн, Зоран Иванов, Џабир Дерала, а темата одговорност, професионализам и етика во медиумите насрпто говор на омраза и лажни вести, зборуваа искусните новинари Војо Маневски и Иван Бојаџиски, како и Биљана Јордановска и Џабир Дерала од ЦИВИЛ. На темата локални политики, траспарентност и одговорност, зборуваше претседателката на Советот на Општина Штип, Маријана Рогожанска Поповска. Видео предавање за демократските вредности имаше и Сашо Орданоски.

Марјана Рогожанска Поповска, претседателка на Совет на Општина Штип

Преку интерактивните работилници, во кои учесниците се запознаа со практични и теоретски содржини на повеќе теми како транспарентност, медиумска писменост и препознавање на лажните вести и дезинформации и на состојбите со човековите права и слободи, основи на новинарството, Петрит Сарачини и Зоран Иванов го иницираа патот кон активно граѓанско учество во креирање на политики на локално и национално ниво.

Семинарот беше одлична можност учесниците да се запознаат и со проектите, иницијативите и активностите на ЦИВИЛ, да дадат свои предлози и идеи, но и како да бидат дел од организацијата.