Инфодемија и говор на омраза: „Циг****е повеќе не смеат да влегуваат во ЕУ“

На социјалните мрежи се шири лажна вест со експлицитен говор на омраза кон ромската етничка заедница. Најверојатно се работи за фотомонтажа, каде што е злоупотребено логото на ТВ СИТЕЛ, пришто  е објавена лажна вест со наслов: „Нови правила на Kорона: Циганите повеќе не смеат да влегуваат во Европската унија“.

Ваква вест нема на сајтот на СИТЕЛ, исто така пребаравме и на Google но не најдовме содржина со таков наслов.

 

Оваа лажна вест Маркус Вон Ланген (Markus Von Langen) ја објави на Фејсбук групата „Македонци во Германија“. Очигледно оваа лажна вест има за цел да предизвика говор на омраза, поделби и етничка нетолернција.

Надлежните органи треба да реагираат и да ги санкционираат сите што шират лажни вести и говор на омраза.

Дехран Муратов