СКЕН: Граѓански политики во време на пандемија

Повод за оваа издание на СКЕН -политички видео магазин е Фестивалот „Ден на граѓанското општество“, во организација на ЦИВИКА Мобилитас на кој учествуваа над 80 организации, вклучувајќи ја и ЦИВИЛ.

Фестивалот се одржа во услови на пандемија, а истовремено ги прослави успесите на организациите што  останаа активни и несебични во нивната поддршка во справување со здравствената криза.

Граѓанското општество и креирањето на граѓански политики и практики што ќе имаат силно влијание во подобрување на општествените прилики во земјата, особено во услови на здравствена криза, беа и ќе останат главен приоритет на програмата на Цивика Мобилитас.

Биљана Јордановска

камера: Дехран Муратов
монтажа: Ариан Мехмети