Во непосредна близина на објектот Народна кујна "Раде Јовчевски Корчагин", во кој се наоѓаат избирачките места 2830 и 2831, на не повеќе од педесет метри оддалеченост, отворени се два други објекта на една политичка партија, во функција на партиски штабови, но со отстранети обележја на партијата.
Како што забележал граѓанскиот новинар, дел од членовите на избирачките одбори, како и дел од гласачите на избирачките места, по напуштање на избирачките места се упатуваат во импровизираните партиски штабови.
Полициските службеници кои го обезбедуваат објектот, одбиле да преземат мерки и активности на лице место, и по интервенција на еден од претседателите на избирачките одбори од избирачките места сместени во објектот.