Илиев: Негирањето на дезинформација не е ефективен метод

„Дезинформациите се поврзани со повеќе закани за националната безбедност и тие може да имаат ефект на дезорганизирање на властитеда делуваат негативно врз процесот на  донесување политичките одлуки, да создадат поделби и внатрешни судири во општеството, да создадат лажни очекувања и да ја намалат волјата на народот да пружи отпор на евентуален агресор. Дезинформациите честопати се испреплетени со теории на заговор и лажни научни наративи што го прави справување со истите комплексно прашање. Дополнително, интернетот и новите технологии како вештачката интелигенција и методи како користењето “тролови“ и “ботови“, овозможува дезинформациите да се шират глобално, брзо и со висок интензитет“, истакна потполковник Александар Илиев од Министерството за Одбрана  на панел дискусијата на ЦИВИЛ на тема „Автопатот со факти, одговорност и решителност наспроти беспаќето на опасните дезинформации“.

„На почеток сакам да истакнам дека Министерството за одбрана (МО) ги согледува дезинформациите во контекст на заканите за националната и колективна безбедност како што се климатските промени, пандемии, природни катастрофи, тероризам, конвенционална и  хибридна војна.

За да ја објаснам улогата на МО во процесот на справување со дезинформациите, во моето излагање ќе ги објаснам дезинформациите како закана, ќе ги наведам активностите на МО и научените лекции на кои се засновани и ќе покажам зошто е потребно борбата против дезинформации да биде дел од координиран и сеопфатен напор на власта и општеството во секторите политика, одбрана, економија,   граѓанско општество и информирање.

МО има задача за обезведување на националната и колективна безбедност. Министерството врши детекција и изработува класифицирани проценки за изворите, методите и целите на ширењето дезинформации. Дополнително, Министертсвото е иницијатор за вклучување низа задачи за справување со дезинформациите во Стратегијата за градење отпорност и справување со хибридни закани, која е во завршна фаза на изработка.

При извршивање на своите задачи МО научени лекции и знаења стекнати од својата работа како и од НАТО и ЕУ. Научените лекции укажуваат дека луѓето се подложни да веруваат во дезинформации без разлика на нивниот степен на образование, а клучен фактор за прифаќањето на дезинформација како вистинита информација е степенот на сличност помеѓу изворот на информација и целната популација.

Негирањето на дезинформација не е ефективен метод. Напротив, повторувањето е дури контрапродуктивно. Позитивни резултати се постигнуваат преку создавање способност за критичко размислување и способност за препознавање на методи за манипулација. Добра стратешка комуникација и професионални медиуми се клучни алатки за неутрализирање на ефектите од дезинформации.

Спречувањето говор на омраза е добар метод да се помогне доаѓањето до вистината, бидејќи говорот на омраза е пречка за слободно изнесување различно мислење.

Дополнително, клучно за ефективно справување со дезинформациите е да се сфатат политичките цели на субјектот од кого потекнува заканата и да се сфати поширокиот контекст.

За ефективно справување со дезинформации, тие не треба да се согледуваат изолирано, туку во корелација со активности и настани во политиката, економијата, одбраната и граѓанското општество.

Тоа укажува дека и борбата против дезинформациите треба да биде дел од еден координиран и сеопфатен напор на власта и граѓански от сектор. Оваа борба треба да вклучива и меѓународна соработка која вклучува размена на знаења и информации и заедничко преземање активности.

Токму овие принципи се применети во Стратегијата за градење отпорност и справување со хибридни закани. МО преку транспартентност во својата работа, информирањето на јавноста, меѓународна соработка, соработка со граѓанскиот сектор како и преку детекција и проценка на заканите од дезинформации е еден од клучните чинители во борбата против дезинформации, но тој напор ќе има потполн ефект само доколку е дел од колективен напор, истакна Илиев.

Д.М.
камера: Атанас Петровски / Игор Чадиноски
монтажа: Ариан Мехмети
фотографија: Горан Наумовски