И Најчевска мета на навреди и говор на омраза

Кандидатката за пратеник од партијата „Твоја“ проф.  Мирјана Најчевска “ е мета на навреди и говор на омраза, откако на Твитер објави знаме на ЛГБТИ со пораката „Твоја ги почитува сите различни индивидуалности“, а под објавата, и коментираат: „Лезбејка ли си?“.

На ова прашање, професорката Најчевска одговара: A ти си родена глупа или со одела во посебно училиште за заглупување?

По ова, следуваат низа  коментари со говор на омраза, не само кон професорката Најчевска туку и кон Радмила Шекеринска од СДСМ. Eден од коментарите е на Златко Ковач кој меѓудругото пишува: „Ако Рада Шекеринска на пример е класична ругоба, ти си ругоба вон сите рамки. Како да си казнета од Господ. Ајде барем биди здрава штом си вака осакатена“.

Мониторинг тимот на ЦИВИЛ секојдневно детектира и архивира содржини со говор на омраза и дел од тие ги објавува на својата медумска платформа. ЦИВИЛ ги повикува надлежните институции да се ангажираат максимално во спречувањето на ширење на говор на омраза, и да ги санкционира соодветно. Говорот на омраза во едно цивилизирано општество никако не треба да биде дозволено, и треба да се искорени. Личните ориентации, било да се верски, политички, сексуални и други, во едно демократско општество што се стреми кон цивилизациски и европски вредности, не треба да се предмет на дискусија, љубопитност од злоба, дискриминација и лични перцепции за тоа како треба да изгледа и да се однесува одредена личност, и да исполнува „критериуми“ по нечиј вкус, а посебно кога таа личност не загрозува ничиј идентитет и интегритет.

Mониторинг тим на ЦИВИЛ