Граѓанските новинар(к)и контролори на говорот на омраза

Во изминатите неколку дена се одржаа низа протести низ неколку градови во државата, по повод договорот за името. Скандирањата претежно содржеа говор на омраза, а новинарските екипи добиваа(т) закани и пцовки од демонстрантите за да не ги снимаат и фотографираат. Затоа граѓанските новинарки и новинари се носители на новинарството кое известува од лице место, без страв и без услуги.

Во овој турбулентен период, граѓанските новинар(к)и можат да одиграат значителна улога во зачувување на мирот, стабилноста и меѓусебното почитување, со тоа што ќе го забележат секој говор на омраза на протести, навредливите графити на улиците…, за да може институциите да реагираат и инволвираните да одговараат пред лицето на правдата.

Исто така, преку граѓанското новинарство, граѓаните имаат можност да бидат контролори на работата на државните функционери и институции и да ги принудат да работат како што треба, односно да работат според законот.

На граѓанските новинар(к)и им се овозможува опцијата да останат анонимни.

Секој втор месец најдобрите и највлијателните пет видеа, фотографии или пишани текстови кои ќе бидат објавени на сајт наменет за граѓански новинари, ќе бидат наградени.

#ГраѓанскиОбјектив е проект во кој се комбинираат истражувањето, медиумските активности и активизмот. Овој проект веќе трета година придонесува кон развој на граѓанското новинарство во земјата. Основна цел на проектот е да се придонесе кон транспарентни и одговорни политички процеси, да се зајакне јавната свест на политиките и практиките поврзани со човековите права и слободи.