Експлицитен говор на омраза кон Стојанче Ангелов, директорот на Центарот за управување со кризи. откако направи гаф, или како што самиот вели „се смешав“ при давање на изјава пред медиумите за тоа како ќе се справи државата со Ковид-19. Иако, не ретко се случува при давање изјави луѓе да згрешат и да се повторат…
Извесна Рената Лозаноска на Фејсбук коментира: „Да му се смешаат цревата“. Овој коментар е грозен, но уште пострашно е ако ваквите коментари доаѓаат од медицински лица, како што и пишува на нејзиниот Фејсбук профил дека работи во Клиника за кардиологија во Скопје.
Ова се само дел од коментарите:
Поединците и структурите што шират говор на омраза, користејќи ги слабостите на институциите и недореченостите во регулативата, непречено ја злоупотребуваат „слободата на говор“ како алатка за затскривање на политичко-општествениот дискурс на „дистрибутерите“ на омраза. Говорот на омраза во едно цивилизирано општество никако не треба да биде дозволено, и треба да се искорени.
Д.М.