ЦИВИЛ - Центар за слобода, на 26 октомври (петок) во хотел Опера Хаус (зад Универзитетска библиотека, на Адвокатска улица) во Скопје, со почеток во 12 часот, ќе додели награди на најуспешните граѓански новинарки и новинари од изминатите два месеци.
Наградените стории зборуваат за социјални проблеми, кршење на човековите права и слободи, злоупотреби и неправди, говор на омраза...
ЦИВИЛ ги повикува сите граѓанки и граѓани да учествуваат во проектот #ГраѓанскиОбјектив, и да станат дел од големото семејство на граѓански новинарки и новинари ширум светот кои, со својот активизам го менуваат општеството.
Исто така, граѓанките и граѓаните можат да испратат видео и за иницијативата #БарамОдговор. Идејата на оваа иницијатива е, преку видео или селфи видео, граѓанките и граѓаните да постават прашање до политичар/политичарка или јавна личност, а снимката ЦИВИЛ ќе ја објави на своите онлајн канали. Доколку прашањето е провокативно или едноставно, граѓан(к)ите сакаат да останат анонимни, оставена е опција да се снима објект или некоја ситуација, додека се поставува прашањето. Во зависност од одгворот и реакцијата на иституциите или надлежните до кои е упатено прашањето, овие видеа исто така влегуваат во наградниот циклус.
Граѓански објектив е проект на ЦИВИЛ кој им отвора можност на граѓанките и граѓаните да ги објавуваат своите стории слободно и без цензура. Проектот е финансиран од National Endowment for Democracy.