Повик за учество на семинар за граѓанско новинарство во Штип

По успешните семинари во Скопје, Велес, Куманово, Битола, Струмица и Прилеп, ЦИВИЛ продолжува со регионалните семинари за граѓанско новинарство, овој пат во Штип. Семинарот ќе се одржи на 12 мај (сабота) во Домот на млади од 11 до 17 часот.

Право на учество имаат сите заинтересирани полнолетни граѓанки и граѓани од општините Штип, Виница, Кочани, Радовиш, Пробиштип, Чешиново-Облешево и Карбинци.

Доколку имате желба и сакате активно да учествувате и придонесете кон општествените промени како граѓански новинарки и новинари што известуваат без страв и цензура, сѐ што треба да направите е да се пријавите на овој линк или на слединов формулар.

ПРИЈАВИ ГОВОР НА ОМРАЗА

  • Кој пријавува?(НАПОМЕНА: Податоците на пријавувачите се строго поверливи.)

  • Ако одговорот е потврден, ве молиме, испратете го материјалот по е-пошта: monitoring.civil@gmail.com со назнака ПРИЈАВА – ГОВОР НА ОМРАЗА. Доколку материјалот е преобемен, испратете го материјалот преку www.wetransfer.com или некоја друга платформа за споделување обемни електронски материјали. Прашања, сугестии и други информации испратете на monitoring.civil@gmail.com, во порака на Фејсбук профилот на ЦИВИЛ (www.fcebook.com/civil.mk) или јавете се на 02/5209176 од 9 до 17 часот, секој работен ден.
 

Verification

#ГраѓанскиОбјектив е проект во кој се комбинираат истражувањето, медиумските активности и активизмот, кои се основа за долгорочно изборно набљудување. Овој проект веќе трета година придонесува кон развој на граѓанското новинарство во земјата.

Основна цел на проектот Граѓански објектив е да се придонесе кон транспарентни и одговорни политички процеси, да се зајакне јавната свест политиките и практиките поврзани со човековите права, гласачкото право и политичките процеси и да се алармира домашната и меѓународната јавност за измамничките практики во изборните процеси и воопшто.