Бурнс: Кога новинарите се слободни, оваа професија е многу лесна и има огромна општествена смисла!

МИРОСЛАВА БУРНС, новинарка

Новинарството мора да се работи со срце за јавниот интерес, со желба да им се помогне на луѓето кои нè контактираат со своите проблеми и со желба за промени онаму каде што тие треба да се случат.

Кога уредниците и сопствениците им ги одврзуваат рацете на новинарите и кога им ја даваат слободата на избор на тема и пристап кон истата, тогаш оваа професија е многу лесна и има огромна општествена смисла!

Исто така, ценењето на работата на колегите, добрите односи меѓу редакциите, здружувањето на новинарите во битката за  да им се даде поголема гласност на темите дава одлични резултати.


По повод Светскиот ден на слободата на медиумите, сите содржини објавени на медиумската платформа на ЦИВИЛ на овој ден се достапни за објавување според лиценцата Creative Commons 4.0.