Амди Бајрам предвреме ја започна кампања со стари постери!

Низ општината Шуто Оризари веќе подолг период се истакнати постери од последните избори, со редниот број 5 од гласачкото ливче, со ликот на лидерот на Сојузот на Ромите и кандидатот за пратеник, Амди Бајрам. Лидерот на СРМ, на претстојните избори ќе биде на петата позиција на избирачкото ливче во Втората изборна единица, како партнер во коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, која на изборите ќе биде со реден број 1.

14936881_1308531729179701_563801741_n

Граѓанскиот новинар, кој ни ги испрати фотографиите прашува: Дали на изборите на 11-ти декември, лидерот на СРМ ќе им носи гласови на Коалицијата „За промени и правда“, предводена од Демократскиот сојуз, бидејќи тие во декември ќе го имаат редниот број 5 на избирачкото ливче?

Граѓанскиот новинар, кој сакаше да остане анонимен, истакна дека од претходните парламентарни избори, до пред извесен период, и на еден објект пред џамијата „Амди Паша“ стоеше голем постер на лидерот на СРМ, кој беше отстранет дури откако силен ветер го уништи.


civiv-lenses-logo-en-lf-200x166http://civil.org.mk/wp-content/uploads/2016/02/clp-handout-01-mk-al-en.pdf