Вандализираниот Музеј на албанската азбука, поглед однатре...

На адресата на ЦИВИЛ - Центар за слобода пристигна видео-снимка од граѓански новинар, на која се снимени штетите од вчерашното демолирање на стаклата на Музејот на албанската азбука во Битола.

Почетокот на изборната кампања, но и Денот на албанската азбука, вчера се одбележа со вандалски чин кој преку говор на омраза и насилнички акт, укажа на можноста од дестабилизација и раздор меѓу етничките заедници во Македонија, во пресрет на изборите.

Граѓанскиот новинар, кој сакаше да остане анонимен, за ЦИВИЛ Медиа изјави дека се чувствува напнатост меѓу жителите на Битола, но и дека нема реакции на провокацијата, чија цел несомнено била влошување на меѓуетничките релации на локално и на државно ниво и дефокусирање од изборите.

clp Проект „Граѓански објектив“