Фани Каранфилова Пановска, од Фондација Отворено општество Македонија, на конференцијата „Меѓу стремежите и реалноста“, како дел од одбележувањето на 20 годишнината на ЦИВИЛ, истакна колку е важна солидарноста меѓу граѓанските организации, постигнувањата и предизвиците.
„ЦИВИЛ е еден од оние партнери кои што со Фондацијата, не само грантисти туку и партнери во многу битки и борби опстојала или заедно сме ги извојувале или сме ги изгубиле и имаме нешто подолго паметење и соработка, токму 20 –тина години.
Размислував на темата „Меѓу стремежите и реалноста“ и тука на листа на стремежи во однос на граѓанското општество имаше многу работи, на листата на реалноста исто така, затоа ќе се префрлам на постигнувањата, предизвиците и перспективите.
Граѓанското општество во целина, не само невладините организации, во изминатите 20 години покажаа една сериозна зрелост, агилност и посветеност во тоа што е нивна автохтона мисија и визија и тоа го покажаа во неколку клучни и критични развојни точки од нашата држава.
Ќе почнам од сериозноста, гласот и разумот за време на кризата во 2001 година. Преку сета битка единствениот, ако не и единствен, редок глас за време на режимот во 11-те години. Како главен носечки столб во уривањето на сè она што значеше корумпирано и недемократско владеење. Како актер кој што беше државен непријател број еден и како таков прогонуван и прогонуван заради тоа во некој кој што успеа да се наметна како посакуван и еднаков на власта во креирањето на политиките.
Доаѓам до предизвиците бидејќи до тука сме стасани со постигнувањата. Точно е дека изминативе две години се многу различни од претходните 11 години. Тоа не можеше, а да не влијае на граѓанските организации. Клучниот предизвик со кој се соочија граѓанските организации беше со отворање на вратите на институциите и нивната покана да учествуваат реално и активно во процесите на креирање на политики. Требаше да направат еден шифт од на што значи борба, залагање и застапување на улица, што траеше прилично долго, во седнување на маса со институциите и знаења потребни да се разговара од таа перспектива.
Не велам дека ги немаме, ги имаме, успеавме да се наметнеме, тоа едно од постигнувањата. Би рекла дека дваесетина клучни законски и стратешки документи се иновирани со решенија и залагања на граѓанските организации.. Законот за антикорупција, за антидискриминација, слободен пристап од информации од јавен карактер, стратегиите за реформи во правосудството… да ќе кажете тоа се стратешки документи, glossy papers, но ако ја погледнете содржината ќе видите дека го отсликува тоа за што сме се бореле изминативе 15 години тоа јас го сметам за исклучителен успех.
Вториот предизвик со кој се соочуваме во моментот е градење на сериозни врски на солидарност, вмрежувања, а со тоа и поголема гласност и тогаш кога зборуваме внатре во институциите, но особено кога зборуваме надвор од институциите.
Кога размислував за тоа кога бевме најсилни и најсплотени, практично кога ни беше најтешко. Тогаш кога бевме во неизвесност како ќе се разбудиме следното утро. Дали во својот дом или некаде на друго место. Тогаш пркосот бунтот, солидарноста, без разлика на разликите по различни основи беше најголема.
Сега се прашувам, ни треба ли нова, таква, закана за да смогнеме сили да обезбедиме таква мобилизација и солидарност?“
обработка на текст и монтажа: Б. Јордановска
Камера: Атанас Петровски
Фотографија: Кирил Михаилов