Трајков: Граѓанското новинарство е алатка за справување со општествените проблеми!

Горан Трајков зборува за неговото искуство со граѓанското новинарство и активизмот и вели дека преку граѓанското новинарство имал можност да запознае прекрасни луѓе и професионалци, кои секогаш се посветени на своите задачи, односно да помогнат на проблемите кои ги имаат граѓаните.

„Она што можам да кажам е дека доколку не бев на обука за граѓански новинари, организирана од ЦИВИЛ, немаше да ги знам основите за тоа како треба да се состави една приказна и како да се артикулира еден проблем на граѓаните“, вели Трајков.

Тој додава дека доколку неговата сторија не била објавена на медиумските простори на ЦИВИЛ, истата немало никаде да биде објавена.

„Со таа сторија покренавме лавина на прашања за решавање на проблемите на граѓаните со кои се соочуваа во источниот регион, конкретно за социјална правда, односно за текстилните работници. Кога се објави оваа приказна, никој од комерцијалните медиуми не сакаше да објавува ваков тип на новинарски приказни и затоа мислам дека граѓанското новинарство, спроведено од ЦИВИЛ, даде една нова димензија на граѓаните и нова алатка за тоа како можат да се справат со решавањето на одредени проблеми во општеството. Преку тоа придонесовме со доброто владеење на правото, зајакнувањето на социјалната правда и верувам дека граѓаните ќе можат да си ги остварат правата кои им следуваат во нашата држава“, додава Трајков.

Ангела Петровска
Камера: Атанас Петровски
Монтажа: Ариан Мехмети