„Кои мерки ќе ги преземат локалните власти за решавање на проблемот со бездомните кучиња?“, прашуваат граѓанските новинар(к)и Благојчо Костадинов, Симона М. Живкова и Петар Гурев.
Тие во рамки на теренската работа од семинарот за граѓанско новинарство на ЦИВИЛ - Центар за слобода на (17 февруари 2019 година), го прашаа градоначалникот на општина Велес, Аце Коцевски, како планира да го реши овој горлив проблем со бездомните кучиња?
Во изминатиов период за само 48 часа, се случија неколку монструозни напади врз уличните кучиња. Една кучка е жива запалена, а на фотографијата која што беше објавена на социјалните мрежи може да се види дека малите кученца наместо да цицаат млеко, тие го јадат изгореното тело на нивната мајка.
Во друг случај улично куче остана без своите уши. Активистите за заштита на животните, морале да му дадат средство за успивање, за да му се укаже прва помош, бидејќи кучето било исплашено, вознемирено и трпело големи болки. Утврдено е дека пред да му бидат исечени ушите, било малтретирано и тепано.
Секој ден во медиумите има случаи каде што некој/а граѓанка или граѓанин е каснат или нападнат од кучиња скитници. Па поради тоа често граѓаните „правдата“ ја земаат во свои раце и ги убиваат или трујат бездомните кучиња.
Централните и локалните власти никако не можат да го решат овој проблем.
Tекст: Дехран Муратов
Видео: Благојчо Костадинов, Симона М. Живкова и Петар Гурев
Монтажа: Биљана Јордановска