Заглавено возило на Брза помош

Граѓански новинар преку видео снмка укажа на хаосот што секојдневно се создава во сообраќајот. Овојпат возило на Брза помош со вклучени ротациони светла заглави на булеварот „Крсте Петков Мисирков“ кај Македонската академија на науките и уметностите.

Како што известува граѓанскиот новинар возилото не можело да се пробие низ гужвата цели 10 минути. Секогаш кога ротациното светло на Брзата помош е вклучено тоа подразбира дека човечки живот е во опасност.

Ова не е првпат во ударните термини, на пладне и во преиодот меѓу 16 и 17 часот, кога сите се враќаат од работа да бидат блокрани улиците.

Како што вели граѓанскиот новинар, дополнително кон сообраќајниот хаос придонесуваат и протестите кога се одвиваат во тој времески период во центарот на Скопје.

Б. Ј.