Националистичките пораки во Гостивар ги снема од пред десетина години

По објавените фотографии кои ги испрати анонимен граѓански новинар, во кои имаше говор на омраза и националистички пораки испишани на ѕид на еден руиниран дуќан во Гостивар, граѓаните преку коментари реагираа дека такви графити повеќе нема. 

„Ова е од пред околу 1о години. Повеќе овој дуќан не постои, сега има нов објект“, напишал еден жител на Гостивар.

Според коментарите на неколкумина граѓан(к)и на Гостивар, соживотот и толеранцијата е на највисоко ниво. Во овој период кога низ целата држава национализмот е во пораст, а меѓуетничката толеранција е разнишана, сепак во Гостивар нема никакви проблеми.

Упатуваме апел до сите граѓанки и граѓани да бидат будни и да ја следат целата ситуација и да ни испраќаат фотографии или видеа доколку забележат говор на омраза или националистички пораки...

Д.М.