По објавата на граѓански новинар за отстранувањето на рингишпилот пред Министерството за надворешни работи, до ЦИВИЛ Медиа пристигнаа нови фотографии од вториот рингишпил кој беше поставен на кејот кај Градскиот трговски центар.
Од фотографиите на граѓанскиот новинар се гледа дека во моментов и втората вртелешка е отстранета а со помош на багер се руши постаментот на кој истата беше поставена.
Рингишпилот вреден 160.000 евра беше поставен во април 2013 година, финансиран од Град Скопје.
Додека за вртелешката поставена пред МНР имаше најава дека ќе биде дислоцирана кога ќе се изгради новиот Луна Парк, судбината на оваа вртелешка се уште не е позната.