Eден дел од таканаречената сува фонтана (џампинг џет), на плоштадот „Македонија“ во Скопје, на просторот меѓу фонтаната „Воин на коњ“ и влезот во Камениот мост не функционира , пишува анонимен граѓански новинар.
Фонтана е изградена пред три години и чинеше речиси 2.5 милиони евра.
Лани на 6 јуни, додека течеа подготовките за пречек на ракометарите на „Вардар“ на плоштадот Македонија, пропадна камион во т.н. сува фонтана.
Дали новите градски власти ќе ја поправат фонтаната и кога прашуваат граѓан(к)ите?