На ЦИВИЛ ФЕСТ ќе се доделат пет награди за граѓанско новинарство

ЦИВИЛ - Центар за слобода, на 11 декември (вторник) во Младински културен центар (МКЦ) во Скопје, со почеток во 12 часот, ќе додели награди за најуспешните прилози од граѓански новинарки и новинари во изминатите два месеци. Доделувањето на наградите е дел од фестивалот #ЦИВИЛ ФЕСТ.

Наградените стории зборуваат за социјални проблеми, кршење на човековите права и слободи, злоупотреби и неправди, партиски притисоци...

ЦИВИЛ ги повикува сите граѓанки и граѓани да учествуваат во проектот #ГраѓанскиОбјектив, и да станат дел од големото семејство на граѓански новинарки и новинари ширум светот кои, со својот активизам го менуваат општеството.

Граѓански објектив е проект на ЦИВИЛ кој им отвора можност на граѓанките и граѓаните да ги објавуваат своите стории слободно и без цензура. Проектот е финансиран од National Endowment for Democracy.

Д. Муратов

фотографија: Биљана Јордановска (од церемонијата за доделување награди за граѓанско новинарство на 26 октомври)

This post is also available in: Albanian