Учете граѓанско новинарство во Штип

ЦИВИЛ – Центар за слобода ги повикува  сите заинтересирани граѓанки и граѓани да се пријават на петиот семинар за  граѓанско новинарство во Штип и уште еднаш да ја покажат иновативната страна на новинарството.

Учесниците на семинарот од штипскиот регион ќе имаат можност да се приклучат на големото семејство граѓански новинарки и новинари со неповторлива прилика да се здобијат со практични и теоретски познавања од областа на граѓанскиот активизам и објективно и навремено информирање користејќи ги технолошките придобивки и интернетот.

Семинарот ќе се одржи во 25 и 26 март 2017 (сабота и недела) во хотелот „Оаза“ со почеток во 11 часот, во сабота. Право на учество на семинарот имаат сите полнолетни граѓанки и граѓани од општините Штип, Облешево, Зрновци, Виница, Кочани, Пробиштип, Радовиш, Делчево, Берово, Пехчево и Македонска Каменица.

Сите што се заинтересирани за учество во семинарот можат да се пријават преку пополнување на онлајн формуларот на компјутер или на мобилен, што одзема само неколку минути. Можно е и аплицирање преку електронската адреса на civil.macedonia@gmail.com, со кратка биографија и мотивациско писмо (максимум по 10 редови) во кои кандидат(к)ите накратко ќе ги опишат своите вештини и ќе изразат подготвеност за учество на семинарот.

Трошоците за сместување и транспорт (за учесниците/учесничките од подалечните општини) ќе бидат покриени од ЦИВИЛ. За повеќе информации, заинтересираните можат да се јават на 02/5209176, или да напишат порака на civil.macedonia@gmail.com или на Фејсбук страницата Citizen Journalists.

Содржините поврзани со проектот „Граѓански објектив“ можете да ги следите на Фејсбук страницата и посетете ја веб страницатa Граѓански објектив.

Проектот Граѓански објектив е финансиски поддржан од National Endowment for Democracy.

 

 

This post is also available in: Albanian English