Вардар ги проби заштитните вреќи во Аеродром

По топењето на снегот и неколкудневните врнежи на дожд,  реката Вардар се излеа од коритото во Аеродром.

Надлежните институции поставија вреќи со песок, меѓутоа надојдената вода успеа да ги пробие и да се излее на шеталиштето. Доколку институциите не преземат итни мерки за спречување на понатамошно излевање на водата, постои можност реката да стигне до велосипедската патека, известува граѓанскиот новинар Дамјан Темков.