Сиромаштијата е постудена од снегот

Снегот и ниските температури и лоши временските услови, не ги спречи неколку лица да просат на Старата скопска чаршија и плоштадот Македонија.


„Додека го држев апаратот за да ги сликам како просат, од што ми беше ладно рацете не можев да ги почувствувам. Едниот цитира Куранот, додека другиот пее за печалбарите за некој од случајните минувачи да им остави некој денар. Го прашав чичкото дали може да го сликам, тој ми вели – Да, секако, сликај ме убаво и објави ме во некој медиум нека ме видат луѓето, можеби некој ќе ми помогне“, вели граѓанскиот новинар, Вулнет Махмути.


За жал уличките низ Чаршијата се полни со жени и деца кои просат.

Инаку, од Министерството за труд и социјална политика упатија апел до сите граѓаните да пријават кај нив ако забележат бездомни лица.