Наградите за сториите на граѓанските новинари кои во изминатите два месеци предизвикаа реакции во јавноста, институционални реакции, но и промени во општеството, ЦИВИЛ - Центар за слобода ќе ги додели на 5 април (четврток), во 12 часот, во хотел Сити Парк.
Наградените стории, кои ќе бидат презенирани на настанот, овој пат се од областа на социјалната правда, говорот на омраза и дискриминацијата. Повеќе информации за проектот и содржините на граѓанските новинарки и новинари може да се најдат на веб страницата на Граѓански објектив.
Ова доделување награди е трето по ред во третата година од проектот. Целта на овој проект на ЦИВИЛ е јакнење на граѓанското новинарство во Република Македонија.
Проектот „Граѓански објектив“ е финансиран од National Endowment for Democracy.