Граѓанското новинарство уште еднаш се покажа како одлична можност за охрабрување и мотивирање на граѓанките и граѓаните активно да се вклучат во известување за проблемите со кои се соочуваат на локално ниво.
Битолчанки и битолчани поттикнати од испиративните и интерактивни предавања во саботата, 3 февруари, како прв начин на јавно посочување на проблемите, ја искористија иницијативата #БарамОдговор да ги запрашаат локалните власти и надлежните институции за неправдите со кои секојдневно се соочуваат.
ЦИВИЛ - Центар за слобода во тек е со подготовките за следните еднодневни регионални семинари низ Македонија.
Како и секогаш, доколку сте заинтересирани, можете да се пријавите онлајн ТУКА или да испратите основни податоци за вас на [email protected]. Заинтересираните се повикани, во комуникацијата со ЦИВИЛ, на најмногу 10 реда, накратко да ги опишат своите вештини и да изразат подготвеност за учество на семинарот и во понатамошните активности на ЦИВИЛ.
Семинарите се дел од проектот „Граѓански објектив“ во кој се комбинираат истражувањето, медиумските активности и активизмот, кои се основа за долгорочно набљудување на состојбите на човековите права и слободи, а особено на практикувањето на власта. Овој проект веќе трета година ги поттикнува и развива граѓанското новинарство и слободата на изразувањето.
ЦИВИЛ неодамна ја објави втората публикација „Ние сме медиумите!“ која е одличен ресурс за активните граѓанки и граѓани заинтересирани за граѓанското новинарство.
Проектот е поддржан од фондацијата National Endowment for Democracy.